Не е ништо ново што Ролинг Стоунс, а особено Мик Џегер, немаат убави зборови за своите „ривали“. Сепак, пејачот и текстописец истакна дека еден познат бенд го смета за „тешко ѓубре“.
Фронтменот на Ролинг Стоунс важи за еден од најуспешните музичари во светот. Успеа да остане водечка фигура на рок сцената со децении.
Сепак, неговите колеги веројатно тешко се опоравуваат од неговите остри критики, пишува „Far Out Magazine“.
Тој еднаш рече дека смета дека Секс Пистолс треба да се пензионираат што е можно поскоро.
Но, бендот за кој мисли дека е најлошиот што некогаш го слушнал е Аеросмит.
-О боже, Аеросмит. Тие се ѓубре, апсолутно срање – изјави Џегер.
Од друга страна, Аеросмит важи за еден од најдобрите рокенрол бендови во Америка.