Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставки

Двајцата министри од Алијанса за Албанците, министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на вонредна прес-конференција соопштија дека според статутот на нивната партија не може да се донесе одлука за именување или разрешување министри.

„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Алиу.

Според нив Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

-Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат, изјави Алиу, на прес-конференција од пред Владата.  

Тој информираше и дека законите кои овие двајца министри ги предложиле денеска, со одлука на Артан Груби не поминале, а сето тоа според нив за политички реваншизам кој бил синхронизиран со дел од АА.

Треба да знаете
Последни објави