Американскиот сенатор Сандерс: Америка е соучесник во предизвикувањето на катастрофата во Газа

Американскиот сенатор Берни Сандерс од американската сојузна држава Вермонт денеска изјави дека САД се „соучесници во предизвикувањето хуманитарна катастрофа во Појасот Газа преку финансиска поддршка на Израел“.

„Ќе бидам проклет ако и дадам уште една пара на владата на Нетанјаху да ја продолжи војната против палестинскиот народ“, напиша Сандерс на платформата X.

Сандерс, независен конгресмен близок до демократите, принуди да се гласа во јануари за резолуција со која би се наметнале услови за помош на Израел.

Сенаторите со големо мнозинство гласаа против предлогот.

Предлогот предвидува замрзнување на безбедносната помош за Израел, освен ако Стејт департментот не подготви извештај во рок од 30 дена за тоа дали Израел ги прекршил човековите права за време на неговите воени операции во Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави