Нигерија е првиот финалист на Купот на африканските нации

Првиот финалист на Купот на африканските нации е селекцијата на Нигерија, која по подоброто изведување на пенали (4:2) во првото полуфинале ја совлада Јужна Африка. По 90 минути и две продолженија резултатот беше израмнет 1:1.

Натпреварот понуди драма која на крајот заврши со победа на Нигерија, чии играчи беа попрецизни и сконцентрирани од 11 метри.

Претходно, Нигеријците поведоа во 67. минута кога Вилијам Траст-Еконг го реализира пеналот кој го изнуди Виктор Осимене. Тој резултат беше актуелен до 90. минута, кога Мокоена беше прецизен за 1:1 исто така од „варот“, а откако беше поништен голот на Осимена во 86. минута. Имено, по интервенција од ВАР собата, беше досуден пенал за Саут Африка.

Херој на Нигерија во пенал серијата беше голманот Нвабали, кој ги запре ударите на Мокуена и Макоба.

Нигерија, трикратниот шампион на Африка, во финалето ќе игра против победникот од вториот полуфинален дуел помеѓу Брегот на Слоновата Коска и ДР Конго.

Треба да знаете
Последни објави