Полицаец застрела жена во трговски центар во Тузла

Вечерва околу 21 часот имало пукање во трговскиот центар во Тузла. Наводно се се случувало во ресторан во центарот, неофицијално дознава Klix.ba.

„Аваз“ пишува дека полициски инспектор убил женско лице. Засега се уште не се знае каков однос имал насилникот со убиената која ја убил со пиштол.

Насилникот бил уапсен набргу по убиството. На местото на настанот се дежурниот обвинител и бројни полициски сили. Телото се уште е на подот од трговскиот центар, а околу него има локва крв.

Треба да знаете
Последни објави