Вечерва околу 21 часот пукање во трговскиот центар во Тузла. Локалните медиуми споделуваат дека полициски инспектор е лицето кое застрелало и убило женско лице. Специјалните инспектори го уапсиле Т.К пред зградата во која живеел, бидејќи тој претходно побегнал од местото каде ја убил својата жртва. Се уште се утврдува во каква врска биле убиецот и сега починатата. На местото на настанот има дежурен обвинител и бројни полициски сили.