Пожарникарите се упатиле кон областа на судот Олд Бејли во Лондон по извештаите за „серија експлозии“ и „црн остар чад“. Портпаролот на лондонската противпожарна бригада потврди за Дејли Мејл дека пожарникарите биле повикани во Централниот кривичен суд нешто пред 11 часот, откако добиле пријави за чад. Централниот кривичен суд во Лондон, денеска е евакуиран откако избувнал пожар во судницата, јави Би-Би-Си.
Екипите кои моментално се на лице место проверуваат повеќе згради на Лејн Ворвик. Присутни се седум противпожарни возила и околу 50 пожарникари. „Се слушнаа серија експлозии од зграда до Олд Бејли 10-тина минути пред да почне да се појавува чад. Изгледа дека многу згради имале прекини на струја“, напишал еден очевидец на мрежата Х.