Два случаја на семејно насилство вчера во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид инфомира дека вчера на подрачјето на Охрид се случиле два одвоени слуачи на семејно насилство.

“На 06.02.2024, полициски службеници од СВР Охрид,  го приведоа М.С.(54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 06.02.2024 во 20.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Н.(34) од Охрид кој,  во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Треба да знаете
Последни објави