Италијанската влада ќе понуди насочени даночни олеснувања за да им помогне на земјоделците кои се соочуваат со тешкотии, изјави денеска италијанскиот министер за односи со парламентот Лука Чирјани.
Чирјани во Долниот дом на парламентот рече дека се разгледува мерка за ослободување од даноци на земјоделците на кои им е потребна ефективна поддршка.
Чирјани, кој е член на партијата Браќа од Италија на премиерот Ѓорѓа Мелони, рече дека главен приоритет на владата е да им помогне на најзагрозените.