„Законот за рестриктивни мерки помина повеќе стручни филтри, на него работеше и тим во министерството за надворешни работи како предлагачи на законот, беа вклучени претставници од кабинетот на министерката Грковска, сите имавме увид во тоа. Овој закон е добар чекор во вистинска насока затоа што граѓаните очекуваат сериозна борба против криминалот и корупцијата“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со пратеникот на Германскиот Бундестаг Јосип Јуратович.
Тој додаде дека ставањето некого на црна листа не значи автоматски ништо во нашиот систем, но дека сега има уреден сет на чекори, како некој кој што се нашол на таа листа да биде третиран од нашите институции.
Нашата цел и целта на овој стратешки дијалог кој го имаме со САД е нашите институции да имаат начин и да ги сфатат индикациите сериозно и да постапат согласно нив, нормално почитувајќи ги сите стандарди, презумпција на невиност и се она што опфаќа една кривична постапка“, потенцираше Маричиќ.
Тој заклучи дека целта на законот е да се зајакнат институциите во борбата против корупција без да се прејудицира за никого поединечно, тоа е одлука само на судот.