Царинската управа денеска организира настан на тема „Воведување Национален едношалтерски систем за олеснување на прекуграничната трговија“.
Како што е најавено, обраќања ќе имаат директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Татјана Марковска, специјалист за приватен сектор од Светска банка.
На настанот пред бизнис заедницата ќе бидат презентирани придобивките од Националниот едношалтерски систем.