СДСМ: ДПМНЕ се светски прваци по немање став

Дека ДПМНЕ нема јасен и конзистентен став за ниту едно прашање граѓаните многу добро го знаат.

За клучните државни, стратешки прашања немаат став.

ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат но Мицкоски не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ. 

Немаат став.

ДПМНЕ беше против Францускиот предлог а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ спроведуваше активна блокада на Собранието за време на најголема светска енергетска криза. Немаа став зошто.

Не само што се политички феномени, ДПМНЕ се светски прваци по немање став.

ДПМНЕ велеше дека прифаќаат учество во Влада со единствен услов без ДУИ, ете ги седат во Влада со ДУИ.

ДПМНЕ предложи министри за учество во техничката Влада но пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа во македонското Собрание, немаа став.

ДПМНЕ велеше дека нема да учествува во техничка Влада, ете ги седнаа во Влада со премиер Талат Џафери.

ДПМНЕ се светски прваци по немање став.

Треба да знаете
Последни објави