Едно лице е повредено од огнено оружје денеска во Скопје.
Првичните информации се дека пукањето се случило во близина на поликлиниката кај Бит Пазар, а како што дознава порталот „МКД.мк“ од неофицијални извори, повредено е едно лице.
Во моментов во тек е увид, а повредениот е префрлен во болница.