Премиерката во оставка на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека чинот на пратениците од опозицијата да дадат заклетва во ходникот од Собранието, а не во салата, „е исто како да отидете во собранискиот тоалет и таму да положите заклетва“. Според техничкиот-премиер со овој чин опозицијата покажала на дело дека не ги почитува граѓаните на Србија. За прв пат во историјата на Србија дел од пртаениците ја напуштаат салата каде се положува заклетва. -Никој не го разбира степенот на непочитување што го покажаа опозицијата предводена од Драган Ѓилас и Милош Јовановиќ, рече Брнабиќ во изјава за телевизијата Хепи. За резолуцијата која се подготвува од Европскиот парламент за Србија, а треба да биде гласана утре, за меѓународна истрага за изборите одржани на 17 декември минатата година, Брнабиќ вели дека „тешко е да се каже со зборови до кој степен ова е скандал за Европскиот парламент, европарламентаризмот и одредени европски институции. Ова е брука и за опозицијата во Србија која лобираше да се усвои ваква резолуција.