Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по разговорите со израелските лидери изјави дека сè уште е можен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Дискусиите се фокусираа на одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот поднесен од САД, Египет и Катар. -Иако има некои непрецизирани работи во одговорот на Хамас, ние мислиме дека тоа создава простор за постигнување договор, рече Блинкен.