Европскиот парламент повикува на независна меѓународна истрага за нерегуларностите на изборите одржани во Србија на 17 декември 2023 година.
Тие, исто така, повикаа ЕУ да го прекине финансирањето на Србија доколку властите во Белград не се подготвени да ги спроведат клучните изборни препораки или ако наодите од истрагата покажат дека српските власти директно биле вмешани во измама на гласачите, се вели во договорениот текст на резолуција за која европратениците ќе гласаат во четврток.
Европскиот парламент, во финалниот нацрт на резолуцијата, изразува жалење што српските парламентарни и локални избори отстапија од меѓународните стандарди и посветеноста на Србија за слободни и фер избори, поради, како што се наведува, упорната и систематска злоупотреба на институциите и медиумите од страна на службените лица со цел да се стекнат со неправедна и неоправдана предност.
ЕП смета дека овие избори не може да се смета дека се одржале под фер услови и е вознемирено од извештаите за широко распространета и систематска измама што го загрози интегритетот на изборите во Србија.