За екстрадицијата на Палевски од Турција во Македонија останува да се комплетираат уште административните процедури

Македонскиот министер за правда Кренар Лога на средбата со својот турски колега Јилмаз Тунч, во Анкара разговарале и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за увиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
Министерот Лога беше информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.
По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.
Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство.

Треба да знаете
Последни објави