Петраков: Македонија е главен фаворит за првото место во групата

Македонската фудбалска репрезентација во последното тест-соочување со Ерменија во Струмица забележа победа (3:1) и го продолжи позитивниот меѓусебен биланс, со надеж дека истиот ќе го потврди и во новото издание од Ц-сегментот во Лигата на Нации. Покрај Ерменија, во груата за ривали ќе ги има и селекциите на Фарски Острови и Летонија. Според македонскиот селектор Благоја Милевски фаворити во денешниот фудбал нема, но целта на „црвено-жолтите“ ќе биде освојување на првото место. И неговиот колега, селекторот на Ерменија, Олександар Петраков по ждрепката за составот на групите ја посочи Македонија како главен фаворит за освојување на првото место во групата. -Добивме интересна група. Игравме со Македонија во минатото, и тие се многу добар тим. Одиграа многу квалитетно во квалификациите за Европското првенство. Во овој момент нема слаби противници, и ќе бидеме сведоци на многу квалитетни натпревари во престојната Лига на Нации. Мислам дека Македонија е фаворит за првото место во групата, изјави Петраков. Распоред за натпревари на македонската репрезентација во групата: 7. септември 2024, 15:00 часот: Фарски Острови – Македонија 10. септември 2024, 20:45: Македонија – Ерменија 10. октомври 2024, 20:45 часот: Летонија – Македонија 13. октомври 2024, 18:00 часот: Ерменија – Македонија 14. ноември 2024, 20:45: Македонија – Летонија 17. ноември 2024, 15:00 часот: Македонија – Фарски Острови

Треба да знаете
Последни објави