Полицијата на Бар во Црна Гора против Д.П. (46), македонски државјанин со привремен престој во Бар, поднесе кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
-Д.П. е осомничен дека дошол во просториите на фирмата каде што бил вработен, и искористувајќи го невниманието на другите вработени, ја отклучил вратата од кујната од која ги украл клучевите од камион на оштетената фирма, по што го стартувал возилото и се упатил далеку во правец на Република Албанија – соопштија од полицијата.