Поранешниот италијански фудбалер и модел Џовани Падовани (28) е осуден на доживотен затвор затоа што до смрт ја претепал својата поранешна девојка Алесандра Матеци (56). Падовани ja убил со чекан пред нејзината куќа на 23 август 2022 година, пишува Дејли Мејл. Тоа го направил откако бил пријавен за следење. Непосредно пред нападот на Падовани, Матеци разговараше со нејзината сестра Стефанија, која ги слушна нејзините врисоци. Покрај чеканот, Падовани користел и безбол палка и клупа, кои ги зел од блиската градина.
Пред тоа отпатувал за Болоња и чекал пред нејзиниот имот. Поставил заседа. Алесандра излегла од автомобилот и почнала да вреска: „Не Џовани, не, те молам, помогнете ми“, рекла Стефанија која веднаш повикала полиција. Алесандра им подлегна на тешките повреди во болница.
Падовани и Матеци биле заедно една година, а во 2022 година имале жестока расправија при што Падовани ја искршил куќата. После тоа раскинале, но Падовани ја бомбардирал со повици и пораки. Падовани играше за нисколигашот Санкаталдес како дефанзивец.