Три синдикати кои ги претставуваат стјуардесите на големите американски авиокомпании денеска протестираат на 30 аеродроми, а нивните главни барања се повисоки плати и подобри договори.
Стјуардесите исто така протестираат поради тоа што пилотите добија огромни покачувања на платите минатата година, додека тие работат за плати кои, во некои случаи, не се зголемени со години.
Тие тврдат дека не биле ни наградени за нивната работа за време на пандемијата.
Протестите се организирани од здружението на стјуардеси, кое ги претставува екипажите на Јунајтед ерлајнс и неколку други авиопревозници; потоа синдикатот на екипажот во Америка и Синдикатот на транспортните работници, кој ги претставува екипите на „Југозапад“ и некои други авиокомпании.
Федералниот закон им отежнува на синдикатите на авиокомпании да спроведат законски штрајкови, па едно такво барање на стјуардесите во Американ Ерлајнс, чиј синдикат планира повторно да побара да закаже штрајк следниот месец, веќе е одбиено.