Косовскиот премиер, Албин Курти отпатува денеска за Лондон, каде што попладнево ќе учествува на трибина посветена на безбедносните предизвици со кои се соочува Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина. Трибината, насловена „Бура во Западен Балкан – Кои се безбедносните предизвици со кои се соочува регионот?“, е во организација на Кралскиот институт за меѓународни односи “Чатам Хаус“ (Chatham House), а панелот на кој ќе учествува Курти, заедно со професорот на лондонскиот „Универзити колеџ“, Анди Хоџај, ќе го води уредничката на „Телеграф“ (The Telegraph), Даниел Шеридан. Според соопштението од владината прес-служба, за време на еднодневниот престој во Лондон, Курти ќе има средби со претставници на британски институции.