Безбедносните сили на Мексико денеска соопштија дека заплениле 20 тони метамфетамин, во најголема лабораторија што била откриена за време на мандатот на актуелниот претседател на државата Мануел Лопез Обрадор.
Мексиканската морнарица соопшти дека лабораторијата се наоѓала во Куириего, мал град во оддалечен дел од северната држава Сонора, која граничи со САД.
Според нејзините изјави, таму се пронајдени 41.340 килограми метамфетамин, што е околу половина од количината на оваа дрога запленета во Мексико во последната година, а пронајдени се и 12.705 килограми хемикалии за правење метамфетамин.