Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто оцени дека Србија е подготвена да влезе во Европската унија (ЕУ), додавајќи дека нејзиното членство не треба да се условува со нормализација на односите со Косово. Во интервју за хрватската агенција Хина, тој рече дека врзувањето на членството на Србија во ЕУ со нормализацијата на односите со Косово е „неправедно“ кон Белград, бидејќи тоа „не зависи само од Србија“. „Отуѓувањето на Србија е најлошата можна тактика“, рече Сијарто. Шефот на унгарската дипломатија изјави дека Србија е подготвена „да влезе во ЕУ утре“ и дека без неа како „најголема и најсилна“ земја на Западен Балкан, нема да има стабилност во региониот.