Хрватските ватерполисти ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во Доха, откако во четвртфиналето ја совладаа репрезентацијата на Србија со 15-13 (4-4, 5-5, 2-1, 4-3).
Стрелците на хрватската репрезентација ги предводеше Лорен Фатовиќ со четири гола, Марко Жувела и Рино Буриќ постигнаа по три, а Константин Харков два. Марко Бијач имаше десет одбрани, а во вториот дел одбрани две шутеви.
Најдобар стрелец на српската репрезентација беше Страхиња Рашовиќ со три гола.
За хрватските ватерполисти тоа ќе биде осми настап во полуфиналето на СП, а за пласман во финалето ќе играат против победникот од последната четвртфинална пресметка меѓу Унгарија и Франција.
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат репрезентациите на Шпанија и Италија.