Премиерот и министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Талат Џафери и Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска ќе присуствуваат на поставување камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово.
Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е и нивно обраќање на настанот.
Станува збор за локација што се наоѓа меѓу селата Требош и Џепчиште.