Британија влезе во рецесија

Економијата на Велика Британија официјално влезе во рецесија, покажуваат бројките. Секој благ пад на бруто националниот производ во два или повеќе последователни квартали се смета за рецесија.

Бруто домашниот производ (БДП) се намали за 0,3% во периодот од октомври до декември, покажуваат најновите податоци на Британската канцеларија за национална статистика (ОНС). Негативен економски раст е забележан и во претходниот период од јули до септември (0,1%).

Податоците наОНС се само проценка и се предмет на ревизија. Додека претходните рецесии, како оние за време на глобалната финансиска криза во 2008 и 2009 година, беа долготрајни, оваа веројатно ќе биде блага и краткотрајна. Сепак, ова не е добра вест за премиерот Риши Сунак и неговата влада, која економскиот раст го направи едно од своите примарни ветувања, пишува Скај њуз.

Треба да знаете
Последни објави