(Видео) Навивачите го совладаа напаѓачот на парадата во Супербоул каде една жена беше убиена, а 21 лице ранети

Еден од тројцата осомничени напаѓачи на победничката парада на Супербол во Канзас бил совладан од навивачите на Канзас Сити Чифс, јавуваат американските медиуми.

Да потсетиме, во пукотницата што избувна на големата парада на Канзас Сити Чифс, една жена беше убиена, а 21 лице беа ранети. Меѓу ранетите има и деца.

Американската ТВ станица KTLA објави видео на кое се гледа како во стампедото кое настана по пукањето, неколку навивачи се фрлија врз еден од осомничените напаѓачи и го контролираа додека не дојде полицијата.

Се уште не е познат мотивот за пукањето, но неименуван извор од полицијата изјавил дека не постои сомнеж за тероризам, но најверојатно станува збор за расправија која прераснала во вооружено насилство.

Треба да знаете
Последни објави