Четири лица загинаа во големиот пожар што утринава избувна во градот Бар во Црна Гора. Пожарот избувнал во населбата под ридот Волујица. Пожарот избувнал во бараки.
Меѓу жртвите има и деветнаесетгодишно девојче, две малолетни деца и една жена, пренесува Vijesti.me.
Припадниците на Службата за заштита и спасување во 4 часот и 35 минути ги известиле дежурните од Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде живее ромско население. Пожарот зафатил неколку згради.
„На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири тела“, извести полицијата.