Доаѓа ново покачување на пензиите во март – Системските решенија донесени низ дијалог носат бенефит за пензионерите

Новата методологија за пресметка ќе донесе ново покачување на мартовските пензии. Во април околу 335 илајди корисници на пензија ќе добијат поголема сума на своите сметки. За колкав процент не се знае. Усогласувањето ќе зависи откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика, колкави биле трошоците за живот и колкава е просечната плата.
Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска замоли за трпение и да не се манипулира со бројки се додека не излезе официјалната статистика.

-„ Не би зборувала за процент, а ниту за некакви рамки, затоа што секоја рамка се зема здраво за готово и се манипулира со пензионерите и затоа ќе ги почекаме официјалните податоци. Но она што е факт е дека од март 2022 до крајот на 2023 година, пензиите се покачија за 24%. Никогаш претходно немало такво зголемување на пензиите за толкав период“,посочи Тренчевска во емисијата на Слободен печат.

Усогласувањето на пензиите е обрзвано за било која полтичка гарнитура и тоа мора да се случува два пати годишно. Тоа е резултатот од преговорите кои ги водеа властите со претставниците на повозрасната популација.

Калеска-Ванчева: Водиме вистинска грижа за пензионерите и го враќаме достоинството на пензионерите

Пред две години пратениците со 84 гласа „за“ ги усвоија измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се воведува нова методологија за усогласување на пензиите согласно индексот на трошоците на живот во висина од 50 отсто и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1.000 денари.

Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева вели дека СДСМ ги реализирала ветувањата за редовно зголемување и исплаќање на пензиите и ќе продолжи со мерки, со кои на пензионерите им обезбедува пристојна старост.

-„Политиката на оваа Влада во однос на пензионерите и нивбниот статус во општеството била и ќе остане конзистентна. Најпрво она што беше клучно и кое беше дел од нашата програма е тоа е системско решение за начинот на покачување на пензиите е остварено за прв пат.

Имено низ дијалог со Министерството за труд и социјална политика, Сојузот нанпензионери и Партијата на пензионери донесена е новата медодологија за усогласување на пнзиите која претставува комбиниран модел и тоа 50% од порастот на просечната плата и 50 % од порастот на трошоците за живот.

Прв пат според новата методологија извршено е усогласување , односно покачување за 2,9% во март 2022 година, а во септември 2022 за 6,8 %, за да во март 2023 биде зголемена за 6%. Ова значи за 1 година 16% покачување. Секако тука е и последниот пакет мерки од кои за 187 000 пензионери одвоени се 35 милиони евра со кои 5 месеци ќе добиваат од 1 500 до 3 000 денари. Веќе тече исплатата“, додава Калеска-Ванчева.

Во тек е исплатата на финасиска помош за пензионерите

Дел од антикризните мерки се наосчени и кон најстарите жители. Пет месеци над 187.000 пензионери ќе добиваат парична помош од државата од 1500-3000 денари во зависност од висината на пензиите. Односно пензионерите со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат поддршка од три илајди денари. Додека, пензионерите кои имаат пензија од 14 до 16 илјади денари поддршката ќе изнесува 2.000 денари. Пензионерите со пензија од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.

За пензионерите секоја помош е добредојдена

Половина од вкупните пензионери во земјава се опфатени со антикризната финасиската мерка на Владата. Корисниците велат дека секој денар е важен и секоја помош е добредојдена.
-„Мене како постар човек ме израдува мерката кога слушнав дека ќе имам на сметка пет месеци 1500 денари плус. Не е многу ама барем ќе покриеме некој трошок. Јас искрено ќе ги потрошам за внукичките. Имам две внуки на девет и пет години. Ќе ги изнесам на палачинки и ќе им купам играчка. Едната сака мече, другата сака барбика“.

-„Секој месец ќе смислам по некоја интересна работа да им подарам. Толку можам. Ама тоа ми причинува среќа и радост. Со домаќинско кроење си го врвам месецот. Ако има плус да си купам дополнително нешто за во фрижидер ќе бидам задоволна. Важно е пред се да сме здрави, па среќни. Ах, ми текна може да искористам од овие пари за витамини и за суплементи за коските. И тоа ми треба“, велат пензионерите кои ги анкетиравме.

Ковачевски: Со грижа и почит кон пензионерите ја зголемивме просечната пензија за 6.400 денари

Државната статистика пресмета денес е над 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, а минималната пензија пак денеска изнесува 13.100 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година.

-„ Во мандатот на Владата која ја предводев обезбедивме раст на пензиите и финансиска поддршка на оние пензионери на кои што тоа најмногу им беше потребно во текот на овие кризни години. Ние покажавме дека кон највозрасната категорија граѓани се однесуваме со почит, со грижа, се грижиме за нивниот квалитет на животот затоа не креиравме еднократни решенија туку креиравме системски решенија кои ќе даваат резултати на долг рок. Тоа беше и појдовната точка кога ја презедов Владата да направиме и да усогласиме методологија со сојузот на здруженија на пензионери, со партијата на пензионери и со другите чинители во делот на организирањето на пензионерите и успеавме да воведеме законска методлогија со која пензиите се усогласуваат два пати во годината, септември и март и тоа 50% со трошоците за живот и 50% со просечната плата. На овој начин растот на пензиите нема да зависи од ничија политичка волја или од политичките случувања во државата, истакна Ковечевски при средбата со пензионерите во Куманово.

Со воспоставената методологија за усогласување на пензиите, покачувањето на пензиите веќе не зависи од нечија политичка волја, туку се усогласува на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.

Треба да знаете
Последни објави