Во одговор на медиумските наводи за испратена нота до италијанското МНР, Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско – конзуларно претставништво на Република Северна Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација. Ова го велат од МНР за МИА, по наводите објавени во дел од македонскиите медиуми, дека амбасадорот во Рим, Весел Мемеди самоиницијативно до италијанските власти доставил нота во која ги известил дека и валидните патни исправи со името Република Македонија по 12 февруари се неважечки. -По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, стои во соопштението на МНР. Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, додаваат оттаму.