Директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во интервју за МИА порача дека тој лично немал дилеми дека сите енергетските стратешки проекти што ќе обезбедат сигурна испорака на енергенси и пониски сметки за граѓаните треба да бидат ставени на брза трака за да стартува реализацијата.
Николовски смета дека процедурите во Собрание овозможуваат суштинска и конструктивна дебата, но дека опозицијата свесно одбира овие инвестиции да ги напаѓа преку предизборен наратив.
„Факт е дека собраниските процедури овозможуваат дебата која што за жал во предизборен период е злоупотребена со предизборен наратив наместо со аргументирана дискусија. Енергетиката не знае политика, познава само стратегија. Не за џабе се вели енергетска безбедност. Навистина ми е жал дека живееме во време во кое наместо опозицијата да се надмине и да покаже еден државнички конструктивен пристап во дискусија, и еве не мора да пофали дека во време на енергетска криза цените останаа стабилни, сметките беа субвенционирани и до 90% и се овозжи и дневна евтина дневна тарифа – ама барем да не се расфрлаат со националистички лажен патриотизам туку со визонерска стратешка дискусија. Видете, не би сакал да вулгаризирам – штета што во ниедна постапка не влезе Рајската градина на ЕСМ – па малку пошироко јавно да се дискутира за овој пристап на ВМРО-ДПМНЕ кон енергетските нивни проекти или кон проектите како Скопје 2014“ порача Николовски за МИА.