Актуелниот кошаркарски Куп-победник во Македонија, МЗТ Скопје и Еуро Никел се првите полуфиналисти на годинашната завршница која од денеска до сабота ќе се одржи во Битола. МЗТ Скопје со триумфот против Гостивар (91:76) по 26. пат во клупската историја обезбеди пласман во полуфиналето. Скопјани без проблеми ја минаа четвртфиналната препрека Гостивар. Кавадаречки Еуро Никел потешко од очекувањата ја оправдаа фаворитска улога против Чаир (87:79). МЗТ Скопје за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од пресметката Работнички и ТФТ (која е во тек од 17 часот), додека Еуро Никел го чека подобриот од дуелот Пелистер – Феникс (19.30 часот).
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/02/mzt-gostivar-1024x683-1.jpg)