Рама: Посебна благодарност за посетата на Блинкен бидејќи се случува во турбулентни времиња

Премиерот Еди Рама изрази благодарност за доаѓањето на американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој, како што рече, ја посетил Тирана во тежок период.

-Ова е посета од особено значење за нашите односи. Овојпат имаме посебна благодарност за оваа посета, бидејќи сме свесни за турбулентните времиња, не само на границите на Европа, туку и во други области од стратешко значење. Фактот што најдовте време и потреба да застанете во Тирана за нас е многу важен знак на пријателство, но и на благодарноста што ја давате на ова пријателство, ова партнерство и овој регион, рече тој на заедничката прес-конференција со Блинкен.

Тој изрази благодарност до САД за реформите во правдата, со кои, како што рече го скршивме митот за неказнивост, вклучувајќи и лица од власта.

-Ви благодариме што за топлината на пречекот и за нашиот разговор. Не можам доволно да ја изразам почитта кон вашата земја како извонредниот партнер на САД. Ова партнерство е посилно од кога било. Ова е двонасочна улица, правиме работи во корист на албанскиот народ и на САД. По иранските сајбернапади, САД помогнаа да се подобри опремата. Му благодарам на премиерот за неговата извонредна великодушност во гостопримството на Авганистанците. Некои од нив ги запознав, тие се во процес на добивање виза, ќе дојдат во САД. Албанија беше првата што ја крена раката за да и помогне на Украина и е една од 10-те најдобри придонесувачи за помош по глава на жител, рече Блинкен.

Тој упати позитивни оценки за реформите во правосудството.

-Припадниците на организираниот криминал завршуваат во судска постапка. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Албанија. Нашите демократии се соочуваат со дезинформации. За ова потпишавме меморандум за соработка. Има сајбер војна. Важно е да ги имате потребните алатки, нагласил Блинкен.

Најави дека идниот месец ќе биде отворена воената воздухопловна база на НАТО во албанскиот град Кучово.

На прашањето дали има закани од Русија рече дека „многу набрзо ќе зборуваат за ова, додавајќи дека фокусот на претседателот Бајден е безбедноста на САД и нивниот народ“.

-Што се однесува до заложниците во Газа, како што е познато дадовме предлог што го сумира она што го предложи Катар-Египет-Израел. Рработиме напорно за да најдеме договор и верувам дека тоа е можно. Но, има некои многу тешки прашања кои треба да се решат. Ние сме посветени на постигнување договор, одговорил Блинкен.

На забелешката што не се сретнал со претставници на опозицијата одговори дека „ќе се сретне во некоја друга прилика“.

-Рама е извонреден лидер и многу добар премиер. Во секоја тешкотија што ја имавме во последните 4 години, тој беше покрај нас и заедно се соочивме со нив, посочи Блинкен.

Сепак, Рама, во негов познат стил, му стави забелешка за одлуката на Блинкен за тоа каде избрал да вечера.

-Не можам да не го споделам жалењето што помеѓу вечерата во Тирана и онаа во Минхен, ја избравте не толку обемната германска храна, но ние нашето го направивме, вечера подготвивме, му рече Рама на Блинкен.

Од Тирана во 20 часот тој ќе отпатува за  Минхен, Германија каде ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, како дел од делегацијата на САД предводена од потпретседателката Камала Харис.

Треба да знаете
Последни објави