Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 151 возач.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.
Истовремено во контролите за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците санкционирани се 188 пешаци од кои, 163 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 98 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.