Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 60-та Минхенска безбедносна конференција. Министерот ќе има обраќање на панелот на тема „Иднината на Западен Балкан – Предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”. На маргини на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји.