Според најновите излези на нумеричките модели и истите кои се поклопија еден со друг, укажуваат на тоа дека за снег сепак ќе си почекаме во февруари.
Нумеричките модели и за следната недела укажуваат на натпросечно топло време, слично на сегашното и без снег, со услови за сосема слаб локален дожд во вторник.
Додека подолго време моделите цртаа доста врнежи за следната седмица кај нас, се тоа пропадна во вода.
![](https://meteoalarm.mk/wp-content/uploads/2024/02/gh500_20240215_00_168.jpg)
Ние како најголем метеоролошки медиум ” Метеоаларм” будно ја следиме секоја ново – настаната состојба на нумеричките модели и ја информираме јавноста. Секако често пати одиме и со долгорочни анализи на времето, а граѓаните тоа го бараат, и секако доколку дојде до промена ние ја ифнормираме јавноста навремено и прецизно.
Најсигурни и со можност за оставрување за повеќе од 90% се пократкорочните анализи на времето.