Енес Ибрахим во Анкара се сретна со пртседателот на турското Собрание

Претседателот на Партијата за движење на Турците – ТХП, пратеникот Енес Ибрахим во Анкара оствари средба со Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Нуман Куртулмуш.

На средбата Ибрахим истакна дека по НАТО алијансата, Северна Македонија и Турција ќе го продолжат стратешкото партнерство и на патот кон ЕУ, додавајќи дека традиционалните пријателски односи меѓу двете земји се основаат на цврсти и искрени заеднички вредности. 
И двете страни се согласни дека одличната соработка меѓу Северна Македонија и Турција ќе продолжи да се унапредува во сите клучни сфери.

На средбата исто така се разговараше и за политичко – општествените случувања во нашата земја, како и положбата на турската заедница во Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави