Несреќа во рудникот во Бор, повредени 10 работници

Десет работници на фирмата ЦЦ-3 Мининг Констракшн од Бор се пренесени со возило на брза помош во болницата Бор, откако денеска околу 11 часот при спуштање во рударското окно се случила несреќа, соопштија од компанијата.

Според извештаите, до несреќата дошло кога при спуштање во шахта, т.н рударската кибла, во која имало десет работници, наеднаш застанала и поради тоа дошло до мрдање, при што во таа прилика биле повредени неколку работници.

„Сите десет работници со возило на брза помош веднаш се пренесени на опсервација во болницата во Бор и, според лекарот, никој од нив не е во животна опасност. Според лекарот, двајца работници, едниот со повреди на пршлените, а другиот со отворена скршеница на ногата, се упатени на понатамошно лекување во ортопедските клиники“, се наведува во соопштението.

Од компанијата CC-3 Мининг Констракшн, која е подизведувач на „Зиџин мининг“, додаваат дека деталите за несреќата ќе ги утврди истрагата.

Компанијата изразува искрено жалење за несреќата што се случи и додава дека без оглед на целото внимание и спроведени безбедносни мерки, рударската дејност за жал секогаш со себе носи ризик.

Треба да знаете
Последни објави