Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички денеска ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната со три нови имиња. „Романтичарите“ потпиша договор со 24-годишниот Али Регба, кој минатата сезона настапуваше во Белуиздад од Алжир, а претходно настапувал за младинскиот тим на англискиот Лестер. Покрај Регба, во скопскиот тим новаци се и Сефа Кахраман и Емре Кадри.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/02/427761154_889098593128375_6865952165618328537_n.jpg)