14-годишна ученичка паднала од прозорец на училишна зграда во Бихаќ

14-годишна ученичка паднала од прозорец на основно училиште кај Бихаќ, потврдија во полициската управа на Унско-санскиот кантон.

Истрагата, која сè уште е во тек, треба да ги утврди околностите што довеле до овој настан.

Девојчето добило тешки физички повреди, но животот не ѝ е загрозен и синоќа е сместена на понатамошно лекување во сараевскиот клинички центар, изјавиле за порталот „Краина“, пренесува „Српскаинфо“.

Сè уште нема подетаљни информации за овој инцидент.

Треба да знаете
Последни објави