Земјотрес во Хрватска ги разбуди граѓаните

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Хрватска, забележаа сеизмографи на Сеизмолошката служба на Хрватска.

Земјотресот бил со умерен интензитет со епицентар кај Грачац.

Магнитудата на земјотресот бил 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V (пет) според ЕМС скалата.

Земјотресот бил почувствуван во областа околу Обровац, Бенковац и Задар. После тоа следеле серија послаби земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, во 4 часот и 51 минути.

Неколку луѓе одговориле на апликацијата EMSC и го опишале земјотресот како „силен и краток“ и дека се слушнало „татнеж“.

„Бум, се затресе“, „скокнав“, „Како гром“, „Се почувствува за секунда“, напишаа тие.

„Живеам на четврти кат, прозорците многу се тресеа“, напиша на социјалните мрежи жителка која ја разбудил земјотресот.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави