Вардар прокоцка шанса да го почне пролетниот дел од прволигашката фудбалска сезона во Македонија со триумф на гостувањето во премиерниот меч од 19. коло на гостувањето во Гостивар (1:1). „Црвено-црните“ кои ги очекува битка за опстанок поведоа во 85 минута со погодокот на Мишковски, но Шишковски погоди во 90. минута за домаќините и ги спаси од пораз. Со освоениот бод, Вардар сега има 18 бода колку што има и десеттопласираната Македонија ЃП, додека Гостивар е петти со 24 бодови.