Израелскиот претседател, Исак Херцог, денеска изјави дека го боли страдањето на невините палестински цивили, но дека израелските воени акции во Газа се неопходни за да се искорени Хамас. -Нас нè боли страдањето на невините цивили во Газа, но кога имаме право на самоодбрана и кога ќе не’ нападнат со толку огромна воена машина, како да ја искорениме? Мора да одите таму физички, кажа Херцог. Тој додаде дека армијата се обидува да го постигне тоа со што е можно помалку цивилни жртви, но дека врз неа се пука од куќи, продавници и џамии. -Кога палестинските цивили ќе се вратат дома? Кога ќе ја уништиме инфраструктурата на Хамас, рече Херцог. Тој оцени дека Израелците се премногу трауматизирани по нападот на Хамас на 7 октомври за да размислуваат за решение на две држави. „Израелците заслужуваат мир, јас исто така верувам дека Палестинците заслужуваат мир, но не можете да изградите мир со соседите кои сеат терор“, рече тој. „Треба да му се даде шанса на мирот, но мора да додадеме елемент на реалноста. Тоа нема да се случи додека не најдеме решение за безбедноста на Израел. На маргините на конференцијата, Херцог се состана со премиерот Катар, кој посредува во преговорите за прекин на огнот во Газа и ослободување на израелските заложници кои ги држеше Хамас. „Ние работиме на тоа 24 часа на ден, седум дена во неделата. Верувам дека и другата страна сака работите да се помрднат од мртва точка“, рече тој. Разговорите во кои учествуваа шефовите на разузнавачките служби на САД, Египет, Израел и Катар завршија во вторникот без напредок.