Двајца српски државјани се приведени вчера на Меѓународниот аеродром во Скопје откако имале меѓусебна физичка пресметка. -Вчера во 18.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.Ј.(41) и 28-годишната К.Ј.(28), двајцата од Република Србија, затоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.