Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

Декларацијата за обединување на албанските опозициски сили ќе биде потпишана денеска во Скопје.

Потписи на декларацијата ќе стават лидерите на Алијанса за Албанците (АА)  Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП)-   Изет Меџити на Демократското движење,  Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движењето Беса. 

Претседателот на АА, кој е и градоначалник на Гостивар, Таравари завчера објави дека ќе биде кандидат за претседател  на државата. Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од ЕСП. Најави дека ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.

Треба да знаете
Последни објави