Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, овој врикед времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло, утре со појава на мала до умерена локална облачност.
Утре особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно, суво и сончево, додека утре ќе засилува ветерот од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаа до околу, или малку под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 15 степени, додека во најтоплите југоисточни предели температурите би можело да надминат и 15 степени.
Претежно стабилното и суво време ќе се задржи и во почетокот на следната недела.