Битиќи: Политиката е да ветиш и да исполниш, ние ветивме 30.000 денари просечна плата, а постигнавме 40.000 денари


„За жал во општеството владее еден страв од промена ,,што ако е подобро“ или „што ако чашата е полна или преполна и ако претече, што ќе правиме со тоа“, тој страв од промена е сериозна кочница за развој, затоа што има мал милион промени каде што, што и да направите ќе речат „е тоа се очекуваше“, да се очекуваше но го немаше. Денес излезе податокот дека просечна плата 40.000 денари, а 22.000 беше во 2017 година, а 18.000 денари беше претходно. Но, што е политиката, политиката е да ветиш и да исполниш. Што сме ветиле ние во 2020 година? Ветивме 30.000 денари просечна плата, а сме стигнале 40.000 денари. Тоа е 34% над ветеното.Инфлацијата кумулативно е 24% . Значи сме надминале 10 % над очекуваното,“ рече потпретседателот на СДСМ и потпретседател на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат ТВ.
Битиќи во врска со јавната администрација посочи дека важна е професионалноста и но и дека истите треба да бидат добро платени. Тој додаде дека подолго време има начин на опструирање на се што е возможно да се опструира од политички влијанија од одредени структури во државата.
„Ние од 2021година знаеме дека треба да се променат и патните исправи и документите и упатствата и правилниците во секое ресорно министерство и еве превозниците. Не можам да се согласам дека на влада треба да се дискутира, нешто што требало некој да го сработи. Дека лиценци се издавале во 2023 година со Република Македонија, а требало само некој во компјутер да го направи и да го испечати. Конечно е време со име и презиме да се одговара, треба лична одговорност, 33 години се затскриваме на колективна одговорност, мора да има лична одговорност,“ рече Битиќи.
Потпретседателот посочи дека ако патните исправи се издавале редовно од 2021 година до 2024 година ние досега ќе имавме издадени над 2.7 милиони пасоши.

Треба да знаете
Последни објави