Вучиќ: ЕУ или нема или не сака да применува механизми против Приштина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Минхен каде учествува на безбедносна конференција, по денешните разговори со претставникот на ЕУ, Жозеп Борел и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, порача дека ЕУ „или нема или не сака да применува механизми кон Приштина“, јави Бета. -Во врска со тоа, можам само да кажам дека ми се чини дека Европската унија или нема или не сака да применува механизми кон Приштина, која спроведува не само еднострани мерки, туку на секој начин се обидува етничко да го исчисти Косово од Србите и тоа е она што можев да го видам низ одговорите, рече Вучиќ. Србија според претседателот Вучиќ е подготвена да учествува во секој разговор, но сака да види резултати, а не само од неа да се бара и очекува, а Приштина ништо да не исполнува. Во наредните денови се очекува покана за продолжување на разговорите во Брисел и дека „се надева на некакво решение“.

Треба да знаете
Последни објави