СКСМ: Азески никогаш не изјавил дека Ковачевски му рекол „имам итен состанок“

Стопанската комора на Северна Македонија известува дека претседателот на СКСМ Бранко Азески јавно ја негира информацијата која се појави во одредени медиуми. Тој никогаш не изјавил дека актуелниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски му рекол „Имам итен состанок”, а на тоа господинот Азески прокоментирал „а после го гледаш во кафеана”.

Нагласуваме дека господинот Ковачевски бил премиер кој секогаш и во секое време бил на располагање на бизнис- заедницата, обединета во СКСМ.

Треба да знаете
Последни објави